Проверете. Размислете. Пријавете.

Практични информации и ресурси за тоа што да правите доколку Вашето дете исчезне.

Моето дете е исчезнато, што можам да сторам?

Пристап чекор по чекор

Кога детето исчезнува, родителите и старателите се соочуваат со значителни предизвици. Проверете. Размислете. Пријавете. е едноставен пристап чекор-по-чекор дизајниран од експерти за спроведување на законот за да ви помогне да се движите низ ситуацијата.

Чекор еден

1. Проверете

Започнете со проверка на каков било знак за тоа каде би можело да отиде.

Деца до три години

Децата од една до три години со ограничена подвижност можеби сè уште се внатре во Вашиот дом или во блиската околина. Започнете со пребарување на места кои би можеле да бидат опасни. Во Вашиот дом, ова може да биде замрзнувачот, фрижидерот, или машината за перење. Надвор од Вашиот дом, ова може да биде во близина на вода, како што се езерца и базени или во близина на прометна улица. Потоа, земете предвид да побарате на места каде децата од една до три години би можеле да се скријат, како што е внатре во плакар, во шупа или дури и под нивниот кревет. Имајте на ум дека децата на оваа возраст понекогаш се кријат некаде, а потоа заспиваат.

Деца на училишна возраст

За децата на училишна возраст, на кои им е дозволено да одат надвор, областа за потрага станува поголема. Откако ќе се уверите дека детето не е внатре во Вашиот дом, продолжете да барате во најблиската област надвор и на места каде детето би можело да биде во опасност. Ова може да биде во близина на вода, во багажникот од автомобилот, на градилишта или други места каде може да постојат опасни ситуации. Потоа, проверете кај родителите на пријателите на Вашето дете кои живеат во близина за да видите дали случајно детето е со нив.

Тинејџери

Тинејџерите може да исчезнат од разни причини. Иако физичката потрага по тинејџер секако треба да се земе предвид, размислете да ја пребарате собата на детето, да ги проверите социјалните медиуми или други форми на комуникација за да добиете можни идеи. Потоа, стапете во контакт со пријателите на детето за да добиете информација за неговото движење.

Чекор два

2. Размислете

Размислете за какви било причини зошто вашето дете можеби исчезнало и каде би можело да биде.

Деца до три години

Доколку не можете да го пронајдете Вашето исчезнато дете од 1-3 години внатре во Вашиот дом или во непосредна близина, јавете се во полиција и кажете им дека детето Ви е исчезнато. Не треба да помине повеќе време без полициски службеници кои треба да пристигнат за да Ви помогнат да си го најдете детето.

Деца на училишна возраст

За деца на училишна возраст, размислете дали постојат причини поради кои тие би исчезнале и каде би можеле да бидат. Размислете за нивните рутини и активностите во последно време. Дали се сеќавате на некакви неодамнешни излети или активности во кои можеби било вклучено Вашето дете? Дали има спомнато некакви места кои би сакало да ги посети или луѓе кои би сакало да ги види? Дали постојат некакви омилени места на кои сака да оди?

Тинејџери

За тинејџерите, размислете за какви било неодамнешни промени во однесувањето на Вашето дете или во околностите. Дали имаат прикажано некакво невообичаено однесување, како што е носењето различна облека, дали се поврзале со некои нови пријатели или пак покажале знаци на злоупотреба на супстанции? Овие увиди би можеле да дадат вредни траги за нивно лоцирање. Исто така, што знаете за контекстот во кој исчезнале? На пример, дали се случила некаква кавга или некој инцидент непосредно пред да исчезне Вашето дете? Дали има нешто што би можело да Ви го одврати детето? Понекогаш, тинејџерите може да не доаѓаат дома едноставно зашто им треба простор.

Чекор три

3. Пријавете

Повикајте ја локалната полиција за да пријавите дека Вашето дете исчезнало.

Кога да пријавите дека детето Ви е исчезнато?

Спротивно на општото мислење, не морате да чекате 24 часа за да пријавите исчезнато дете. Никој нема да Ве осудува – безбедноста на Вашето дете е најважна. Полицијата ќе ги преземе неопходните чекори и ќе обезбеди поддршка во текот на процесот. Исто така, тие ќе Ви дадат и насоки за дополнителните чекори кои би можеле да ги преземете.

Што би можел/а да очекувам?

Контактирајте со полицијата

Прашања од полицијата

Кога се јавувате во полиција за да побарате помош, важно е да бидете подготвени за она што можете да го очекувате во текот на процесот. Бидете подготвени да одговорите на детални прашања за Вашето исчезнато дете, вклучително и негов физички опис, последните познати движења и секакви можни специфични црти, како што се белезите или лузните. Полицијата може исто така да се распраша за последните активности на Вашето дете, за врските, како и за потенцијалните причини за исчезнување. Дали има некакви тековни проблеми во Вашиот дом/семејство?

Што би можел/а да очекувам?

Контактирајте со полицијата

Давање информации

Најважно е да се обезбедат колку што е можно повеќе точни информации за да им помогнете на полициските службеници. Тука спаѓаат неодамнешни фотографии од Вашето дете, детали за неговата/нејзината облека или предмети во времето на исчезнувањето, како и какви било релевантни медицински информации или информации во врска со однесувањето кои би можеле да Ви помогнат да го лоцирате. Дали Вашето дете се потпира на лекарства кои ги нема со себе или пак до кои нема пристап? Кога обезбедувате фотографии од Вашето дете, дајте нови фотографии. Најдете фотографии кои го покажуваат Вашето дете и како тоа изгледа во обичен ден. На пример, избегнете ги сликите за училиштен алманах или за портрет доколку не го покажуваат типичниот изглед на Вашето дете.

Што би можел/а да очекувам?

Контактирајте со полицијата

Давање информации
  • Името на Вашето дете, датум на раѓање, висина, тежина и здравствена состојба
  • Детален опис за облеката која ја носело Вашето дете и личните предмети кои тој или таа ги имало во времето на исчезнувањето
  • Ознаки за лична идентификација, како што се бемките, лузните и тетоважите
  • Неодамнешна слика и слика на која се покажани знаците за идентификација
  • Факти и околности во врска со исчезнувањето на Вашето дете, вклучително и какви напори сте направиле за да го барате детето
  • Детали за местата кои често ги посетува Вашето дете
  • Телефонски броеви, профили на социјални медиуми од Вашето дете, список на пријатели
Што би можел/а да очекувам?

Контактирајте со полицијата

Соработка и комуникација

Отворено комуницирајте со полицијата во текот на процесот. Ова значи да бидете веднаш достапни да одговорите какви било прашања кои би можеле да ги имаат, навремено да им одговарате не повиците и да обезбедувате секаква побарана информација или помош. Следете ги нивните насоки и инструкции. Запомнете дека полицијата е овде за да Ви помогне и да Ве поддржи во текот на овие предизвикувачки периоди. Исто така, од корист е веднаш да се споделат секакви можни новости или вести кои сте ги добиле во врска со Вашето исчезнато дете, бидејќи тоа би можело да биде клучно за истрагата.

father embracing child missing
Како да се дејствува

Кога Вашето дете ќе се врати

Наоѓањето на Вашето исчезнато дете е огромно олеснување, но во зависност од времетраењето и околностите, тоа би можело да Ви предизвика и бура од емоции и практични одлуки. Ќе Ви дадеме совети што треба да правите кога ќе Ви биде лоцирано детето.

Информирајте го семејството, пријателите и полицијата
Доколку детето се врати самото, информирајте ја полицијата веднаш. Полицијата можеби ќе треба да се сретне со Вашето дете за да се осигури дека се вратило безбедно и дека е добро. Ставете им до знаење на сите Ваши контакти дека детето се вратило дома.

Нека помине време за детето да се стабилизира.
Откако вашето дете ќе се врати, важно е да му го дадете просторот и времето што му е потребно за да се врати на својата рутина и да ги обработи своите искуства. Вашето дете можеби претрпело некоја траума и клучно е да бидете чувствителни за нивните физички и емоционални потреби. Со самото тоа што ќе им понудите можност да уживаат во вкусен оброк, да се пресоблечат во чиста облека или едноставно да се одморат, може да им помогнете да се почувствуваат безбедно и сигурно во домашната средина повторно. Овие едноставни чинови на грижа и утеха може да обезбедат чувство на нормалност и стабилност по период на несигурност.

Радувајте се на враќањето на Вашето дете.
Многу деца се плашат од првичната средба со родителите. Останете смирени, изразете ја својата среќа и олеснување од неговото враќање, уверувајќи го/ја во Вашата љубов и поддршка. Ставете му до знаење на вашето дете дека заедно, како семејство, ќе ги пребродите сите предизвици што може да искрснат.

Примете помош и поддршка
Специјализирана установа може да го следи Вашето дете за да види дали му е потребна поголема поддршка. Важно е да се побара и искористи секаква поддршка достапна за Вашето дете, за Вас и Вашето семејство. Барањето помош ја покажува снагата, укажувајќи дека проблемот го сфаќате сериозно.

Развиено од

АМБЕР Алерт Европа

АМБЕР Алерт Европа, Европскиот Центар за исчезнати деца, е фондација што се стреми да ја подобри заштитата на исчезнати деца и да го спречи исчезнувањето на деца преку нивно зајакнување и подигање на свест за проблемот на исчезнување на деца потеклото на проблемот. Поврзуваме експерти од 44 владини организации, особено Министерства за внатрешни работи и полициски сили, како и невладини организации од 27 земји во нашата мисија кон нула исчезнати деца во Европа.